Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа прес конференција на која се задржа на злоупотребата на положбата од страна на функционери од СДСМ.
Нема населено место во Македонија, каде функционерите на СДСМ не ја злоупотребиле својата положба и не овозможиле противправна имотна корист за себе или за своите најблиски.
Мајката на градоначалникот на Конче, Благој Илиев, Сузанка Илиева која има земено под закуп земјоделско земјиште со вкупна површина од 37.9 ха, земала субвенции во два наврати во вкупна висина од 403.845 денари без притоа да го има платено закупот.
СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ 51-2498/18 ОД 23.08.2019 ДОСТАВЕН ОД ПЕ РАДОВИШ ЛИЦЕТО СУЗАНКА ИЛИЕВА Е ЕВИДЕНТИРАНА КАКО ДОЛЖНИК ЗА 2017 И 2018. За 2017 година закупот е платен 14 месеци откако на истата и се исплатени субвенции, а за 2018 година закупот е платен 3.5 месеци подоцна.
Кој и исплатил на Сузанка Илиева, мајка на градоначалникот на Конче субвенции без да ги има подмирено обврските кон МЗШВ!?
Ова е жално. Додека земјоделците мака мачат да одвојат пари за да ги подмират своите обврски кон државата, роднините на функционерите биле толерирани. Доколку некој земјоделец доцни со плаќање на закупнината, тој не може да земе субвенции се додека не го подмири долгот кон државата, н не и мајката на градоначалникот на Конче.
Љупчо Николовски и Трајан Димковски го прекршиле законот и овозможиле на мајката на градоначалникот на Конче да и бидат исплатени субвенции, иако истата не ја платила закупнината за земјата која ја обработува. Имено согласно, член 19 став 1 од Законот за земјоделско земјиште, земјоделецот е должен да ја плати закупнината најдоцна до 31 Јули во тековната за претходната година. Министерството е должно за сите корисници на финансиски средства да достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој податоци за ненамирени финансиски обврски. По што Агенцијата не врши исплата.
Николовски и Димковски го прекршиле законот. Николовски и Димковски мора да одговараат за сите незаконитости. Го повикуваме ЈО и ДКСК да го испитаат случајот. Одговорност ќе има, рече Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.