Љупчо Николовски и Трајан Димковски се фатени во криминал до гуша. Случајот што денеска сакам да го обелоденам покажува како едно исто земјоделско земјиште го даваат под концесија на две различни лица, изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Ова е ‘Фиком 2’, само во земјоделска варијанта, каде овој пат во главна улога се лица функционери на СДСМ. Имено, на ден 26.12.2018 година Љупчо Николовски како тогашен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство склучува договор за закуп на државно земјоделско земјиштес во КО Нова Брезница, Кисела Вода со лицето Г.Ѓ. со времетраење од 70 години. На ден 17.07.2019 година, овој пат Трајан Димковски во улогата на министер за земјоделство шумарство и водостопанство склучува договор за закуп на истото зземјоделско земјиште кое веќе се наоѓа под закуп, овој пат на лицето В.Т. Овој договор е склучен без претходниот да биде раскинат. Моментално, формално правно и двата договори се во правна сила. Она што сакам да го потенцирам е дека и на двата договори како потписник – согласен административниот службеник Жанета Горгиевска, која важи за десна рака на Николовски и Димковски“, рече тој.

Според Трипуновски, Трајан Димковски го прекршил законот и постапките за доделување државно земјоделско земјиште под закуп и извршил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Имено пред воопшто да биде објавен оглас, МЗШВ преку допис ја контактира Подрачната единица во населеното место каде што се објавува огласот со цел да се информира дали конкретното земјиште е слободно или под закуп. Во конкретниот случај не е пуштен допис до подрачната единица во Кисела Вода, којашто е надлежна за овој случај. Зошто Трајан Димковски не испратил допис до подрачната единица на МЗШВ во Кисела Вода, дали знаел дека земјиштето е под закуп или свесно извршил кривично дело? Доколку тој не знаел, неговите советници биле должни да го информираат и тој во никој случај не смеел да го даде земјиштето под повторен закуп. Свесно или несвесно Трајан Димковски извршил кривично дело“, рече тој.

Трипуновски го повика Јавното обвинителство веднаш да постапи по овој случај и да ги санкционира прекршителите на законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.