Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство одговараше на прашања на медиуми по посетата на земјоделците во Ерџелија.
Трипуновски посочи на тоа за што разговарале со земјоделците во Ерџелија и на што се пожалиле.
Така, денеска сум во Свети Николскиот регион поточно во населено место Ерџелија најголем број на дискусии она што самите земјоделци го потенцираат апропо мојата вчерашна изјава за онаа нерегуларност која што сака да ја направи Трајан Димковски и СДСМ во овој предизборен период е тоа да ги поткупи земјоделците со нивните пари. Јас вчера на прес конференција обелоденив дека министерството во овој предизборен период со парите на граѓаните сака да ги изманипулира и да го потценинивниот труд и индивидуа, односно оние 60 милиони евра кои што сака да ги пушти во овој предизборен период практично сака да ги омаловажи овие земјоделци. Денеска во разговорите повторно наоѓам на ситуација дека и овдека во Ерџелија има неисплатени субвенции она што Трајан Димковски го говореше на една од дебатите дека се е исплатено гледаме дека и во Ерџелија таа слика не е вистина. Односно и тука има не исплатени субвенции кои што земјоделците си ги чекаат. Во разговорот исто така потенцираа и за проблемите со наводнувањето во 2019 година иако им било ветувано дека ќе бидат ослободени од надомест со вода ми кажуваат дека минатиот месец декември 2019 година веќе им се пуштени фактури дури иако во овој дел на Свети Николе речиси да немаше ниту една капка наводнување, односно површините и приносите беа десеткувани заради тоа што останаа без вода. Денеска ќе останам речиси цел ден вооколината на Свети Николе ќе посетам уште неколку населени места се со цел да ја доловам правата слика која што за жал СДСМ и Трајан Димковски ја гледаат од една поинаква призма.
Во поглед на излезно решение, Трипуновски вели дека „до 12 април е многу битно да имаме една фер и демократска процедура односно да нема вакви манипулации врз земјоделците колку што се обидуваат СДСМ воовој периодона што значи правилно вреднување на трудот на македонскиот земјоделец ќе дојде после 12 Април кога ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе ја формира новата влада.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.