Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше видео обраќање.

Квалитетот на македонската храна е признаен насекаде низ светот. Нашите производи децении наназад ги добиваат првите места на светските саеми, затоа што се најдобри.

Во овие тешки времиња за економијата, за македонското стопанство, кога пазарите во странство се затвораат, имаме обврска кон нашата економија, нашите земјоделци, да купуваме македонски производи.

Така ќе зачуваме поголем број на работни места, така ќе спасиме цели семејства кои што работат во македонските фабрики и на македонските ниви.

Земјоделецот кој со векови ја храни оваа земја тоа го заслужил. Апелирам земјоделците во оваа кризна година да произведат повеќе храна, а до сите останати граѓани, наместо да купуваме странски производи, да го купиме тоа што е произведено на македонските ниви и во македонските фабрики.

Купувајте македонски производи. За да има повеќе за секого во Македонија.

Купувајте македонски производи. Затоа што ја сакаме Македонија, рече Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.