Костовски уште еднаш повтори дека во истрагата мора да бидат вклучени и лица надвор од банката.
На својот фејсбук-профил Костовски напиша:
Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме. По шестмесечен молк Јавното обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на ЈО да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели. Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката“, напиша Костовски и повеќе детали „за игрите околу Еуростандард банка“ најави во неговата утрешна колумна.
ИЗЈАВА
По повод наредбата на Јавното Обвинителство за истрага на 4 одговорни лица во стечајот на Еуростандард Банка…Posted by Trifun Kostovski on Monday, 8 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.