Одлуката за забрана на пластичните кеси, што стапи на сила денеска, затекна многу од бизнисите неподготвени, се вели во сторијата на Алсат.

Анкетиран продавач, за телевизијата изјавил дека во текот на денот продал само три кеси, меѓу кои имало и пластични, додека во минатото трошел и до 90 ќеси дневно.

Дали имате кеса?

 

Имаме, ама е 15 денари.

 

Дали се биоразградливи?

 

Не, обична е.

 

Па, тогаш, нема да земам.

 

Сè уште не донеле нови. Сопственикот прави некаков договор, уште не сме снабдени.

 

Досега продадовме три. Другите денови се продаваа над 80 или 90.

Анкетираните граѓани велат дека повлекувањето на најлонските пластични ќеси ќе биде добро за екологијата, особено кога се имаат пред очи купиштата најлони и пластични шишиња во речните корита.

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, вели дека производителите ќе имаат рок до 1 јуни 2023 година да го прилагодат својот бизнис за производство на биоразградливи кеси. Според него, тие имаат доволно капацитет да ги задоволат потребите на малопродажбата бидејќи се очекува бројот на купени кеси да биде мал. Во однос на зелените пазари, Нуредини вели дека продавачите можат да употребуваат хартиени кеси и имаат право да одлучат дали ќе им ги наплатат на муштериите или не.

Идејата за ова не е да се соберат пари, туку да се намали употребата на пластични кеси. Разбираме дека нема да функционира уште од првиот ден, но целта е да се активира што е можно поскоро. Разговаравме и со производителите и со продавачите и сите беа свесни дека овие закони ќе стапат во сила. На секои три месеци, продавачите ќе вршат уплата на сметката на Фондот и потоа сумата ќе биде објавена за граѓаните да знаат колку пари се собрани – вели Нуредини.

Министерството за животна средина планира парите да ги користи за кампањи за подигање на свеста, за проекти за животната средина, но и за поддршка на фирмите кои ќе произведуваат биоразградливи кеси.

Од јануари стапува во сила проширената одговорност на производителите. Тие ќе имаат одговорност да ја собираат амбалажата на производите што ги продале. За таа цел се планира да се постават контејнери кои ќе се користат за селектирање и рециклирање на отпадот. Тоа се очекува евентуално да создаде потреба од отворање нови погони за рециклирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.