Платежните картички кои беа најавени со третиот сет економски мерки сѐ уште не во употреба, иако конечните листи на лицата кои ќе можат да ги користат беше најавено да се објават најдоцна до 1 јуни.

На страната www.kupuvamdomasno.gov.mk која беше најавена дека ќе се пушти во оптек најдоцна до понеделник, граѓаните треба да проверат дали им следува домашна платежна картичка и во кој износ. За оваа мерка министерската Ангеловска изјави дека е прв пат да се воведе современ начин на аплицирање, без потребата да се оди по институции.

Платежна картичка со сума од 9.000 денари за купување на домашни производи ќе добијат само активните невработени кои секој месец се пријавуваат во Агенција за вработување.Според списокот кој го испратила Агенцијата до генералниот секретаријат до 22 мај има 119.000 вакви лица, додека околу 85.000 другите лица кои бараат работа и се пријавуваат на шест месеци, не влегуваат во оваа листа.Но последниот филтер кој ќе добие картичка ќе го прави УЈП која ќе ги избрише тие кои имале приход по разни основи кои надминале 15.000 денари месечно.Картичка со сума од 3.000 денари пак ќе добијат вработените со вкупни приходи не само од плата, до максимум 15.000 денари месечно.

На списокот со помош од 3.000 денари ќе бидат и сите редовни средношколци и студенти од 16 до 29 години,но само од државните училишта и универзитети. Бројките сега се сумираат од повеќе институции, а финансии очекува во овие мерки да влезат околу 280.000 лица, за кои се издвоени вкупно 25 милиони евра,“ – на овој начин советникот Битиќи ја најави мерката.

Ова не е прв пат да има недоследности во најавените мерки на Владата. Пред две недели на прес-конференција, Ангеловска и Бектеши дрско ги обвинија новинарите дека поставуваат непотребни прашања, кога дел од новинарите поставија прашање кои услови треба да се исполнат за граѓаните да аплицираат за мерките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.