Дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски денеска беше во посета на селата Стојаково, Боданци, Негорци и Миравци за да не се запознае со реалните проблеми на македонските селани: неиспратените субвенции, проблемите со наводнувањето, ниските цени на откуп.

Денеска сум во посета на село Стојаково во општина Богданци и селата Негорци и Миравци во општина Гевгелија.

Нека излезе Трајан Димковски од удобниот кабинет и нека ги посети овие села.

Во овие села ќе ги слушне реалните проблеми на македонските земјоделци како неисплатените субвенции, проблемите со наводнувањето на земјиштето, проблемите со неисплатената дополнителна мерка за јагнето, катастрофално ниската цена за откуп на зелката и многу други проблем.

Трајане проблемите се дознаваат на вакви средби, а не на твоите однапред договорени средби – напиша Трипуновски на Фејсбук по средбата со земјоделците и сточарите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.