Професионалните возачи на товарни возила кои влегуваат и излегуваат од државата, а не поседуваат дозволи издадени од Санитарниот и здравствен инспекторат ќе бидат пропуштени на граничните премини, но мора дозволата да ја обезбедат најдоцна до 24 март.

Ваква одлука донесе вечерва Владата на предлог на Министерството за транспорт и врски.

На предлог на Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Владата заклучи да се измени Заклучокот под реден број 5 од Дваесеттата седница на Владата, одржана на 16 март 2020 година и да гласи – Професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат и излегуваат од државата, а кои не поседуваат дозволи издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, да бидат пропуштени на граничните премини при влез и излез, но истите се должни да ја обезбедат и приложат дозволата не подоцна од 24 март 2020 година, се наведува во соопштението од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.