Пелагониските млекопроизводители од здружението “Пелагониско поле“, денеска излегоа на протест пред просториите на УЈП, објави Алфа ТВ.
Тие бараат да им се врати персоналниот данок што им беше задржан со откупот на ланското млеко, за кое им беа задржани согласно Законот за пресметување данок за остварено сопствено земјоделско производство. Исто така, бараат исплата на субвенциите за млеко и другите мерки за поддршка од ланската година.
-
Лани ни го вратија тој данок, секој според остварениот приход до милион денари, но оваа година нема никакви најави дали ќе биде вратен или не. Затоа, апелираме да ни кажат, ако има услови да го вратат- рече Тони Алчевски, претседател на здружението “Пелагониско поле“. – И ќе ги бараме нашите неостварени субвенции, да бидат до крајот на март. Доколку до крајот на март не бидеме исплатени, ние почнуваме со блокади- првата пред ПЕ во Битола, а потаму ќе земеме поголеми чекори- Борче Бучински, фармер од с. Могила.
Фармерите се жалат дека немаат никаква поддршка и не можат да опстанат во овие тешки времиња на корна, а добиточниот фонд во Државата драстично се намалува.
-
Нема слух влата во ниту една дејнсот каде би биле обештетни или поможени. Секаде во Европа и во светот, секаде има помош за сточарите и земјоделците, нема ништо и оставени сме на милост и немилост- рече Гоце Кантаровски, фармер од с. Могила.- да се запре увозот на млеко бидејчи тој увоз ги нурна сите сточари надилу- рече Бучински. – Ќе се затвофраат фарми, сточниот фонд ќе се продава, че се ништи, 60% е намале во целата држава, така да најлесно им е со увоз на млеко- рече фармерот Тони Петковски од с. Велушина.
За идната недела во ресорното министерство се најавува можна средба со фармерите, додека од подрачната единица велат дека субвенции ќе се исплатат во текот на годината, исто како и повратот на данокот, но с`е уште не е одредено кога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.