За Независен весник, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, Тимотеј вели дека препорачуваат за Велигден најтесен круг на луѓе, но доколку некој не сака да го почитува тоа, ние нема да изигруваме полицајци и да бркаме некого од црквите.
На прашањето дали МПЦ ќе бара финансиска поддршка од државата, како што побара реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, владиката Тимотеј вели дека за тоа сѐ уште не се разговарало ниту во Светиот архиерејски синод, ниту со Владата, но не ја исклучува таа можност.
Ќе видиме дали има можности за тоа и какви се. И свештениците се оштетени, а Велигден е, празник над празниците, не можат тие да останат со празни трпези, вели Тимотеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.