Руската компанија „Спилит“ која го призведува мебелот што го продава „Нефа“, пред два дена преку ноќ побегна од Врање и Самобор и остави долгови и 550 работници без работа во фабриката и 34-те продавници низ Србија, објавија српските медиуми.
„Нефа мебел“ во Македонија има десетина продавници низ целата земја. Последната продавница во Скопје, во ГТЦ, е отворена пред точно една година, во мај лани, но од завчера сите се затворени и никој не се јавува на телефон.
„Само во Гостивар сме 160 ограбени клиенти, па ова е организиран криминал“, вели еден од купувачите во коментар на текстот за измамата на „Нефа мебел“ на фејсбук страната на САКАМДАКАЖАМ.МК. Има и коментари на измамени купувачи од Струмица и Скопје.
извор: СДК.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.