Глупочата нема крај, неспособноста нема граници.
Они би да не држат дома, во оваа загадена депонија со уништени езера и реки, упропастени локации за одмор и рекреација.
Дотолку е пострашно што не сакаат да им олеснат на сите граѓани, пошто добро знаеме, они лесно ќе си отидат за Дубаи и Мексико, додека повеќето тука ќе треба да се гужваат по Охриди и Дојрани.
Уф бе каква проста багра сте.
Ова е реакцијата на аналитичарот Ивор Мицковски, по денешната изјава на министерот за економија Крешник Бенктеши, под чијашто надлежност е туристичката дејност, дека македонската влада нема да преговара билатерално, по примерот на српската, со грчката влада, бидејќи Македонија не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона.
Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече министерот во одговор на новинарско прашање.
Глупочата нема крај, неспособноста нема граници.
Они би да не држат дома, во оваа загадена депонија со уништени езера и…Posted by Ivor Mickovski on Monday, 29 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.