Вчера Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајжи дека Зоран Заев и СДСМ манипулираат со граѓаните.
Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото. Граѓаните се свесни дека СДСМ и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за над половина милијарди евра. Граѓаните се сè посиромашни. Зоран Заев и неговата криминална влада мора да си одат. Победата на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова ќе биде гласило за распишување на предвремени парламентарни избори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕСДСМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.