Поради дефект Општина Тетово воведува рестрикции на водата за пиење, јавува дописникот на ТВ21.

„Поради сериозен дефект ф-500 во водовотна линија -Лешница, водата во градските резервоари драстично се намали во една средна вредност од 150 л/с“, информираат од Јавното претпријатие.

Од таму додаваат дека со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови на градот, од денеска (Петок) 17.12.2021 ќе почне со рестрикција на водата за пиење од 01:00 до 05:00 часот ( ноќеста), и од 13:00 до 16:00 ( преку ден)

„Како последица од недостигот на вода за пиење во градската водоводна мрежа, за ублажување на оваа ситуација, ЈКП „Тетово“ Тетово ги пушти и активира и бунарите. Оваа рестрикција ќе биде до санирање на дектот во главната водоводната линија во Лешница“, додаваат од ЈКП Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.