Уште една набавка на струја, уште еден реализиран тендер. ЕСМ спровела уште еден тендер за набавка на електрична енергија за периодот од 10 октомври до 14 октомври. Според резултатот од спроведениот тендер, до кој дојде Република исбрани се три фирми Енерџи актив, ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ и ГЕН – И продажба на енергија
Ова е трет увоз во изминатите неколку дена, а вредноста на абавката достигна до 2,5 милиони евра. Минатата недела ЕСМ купи струја од 5,5 милиони евра, деновиве се реализираше уште еден тендер, што беше распишан викендот што измина. Се бараа понуди за набавка на електрична енергија за периодот од 7 до 9 ноември. Во саботата наладне истече рокот за испраќање понуди за набавка на електрична енергија. За Лот 1 беше избран е ГЕН-И продажба на енергија ДООЕЛ, а за Лот 2 прифатени се понудите на ТЕ-ТО, Данске Комодитис, ЕТМТ Енерџи, Енерџи Активе и ГЕН-И продажба на енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.