Тендер од МВР за кумашинот на Љубе Бошковски

Економија 13.06.2019 / 15:29
Љубе Бошкоски на суд (фото: Република)

Гркот Нектариос Николаидис, кумашин на Љубе Бошковски на осми мај годинава, склучил договор со Министерството за внатрешни работи за „услуги за косење трева“ во вредност од два милиони и 950 илјади денари, или речиси 48 илјади евра. Николаидис е сопственик на фирмата Ланд -Сервис ДООЕЛ Скопје и истовремено долгогодишен член на ПАСОК.

Според истражувањето на Пресинг ТВ, Николаидис е еден и од сопствениците на Здружението за негување и развивање на националниот идентитет, култура и јазик на Грците и македонско-грчка соработка „Заедница на Грци обединети за подобра иднина Скопје“. Здружението е основано во 2015-та година, но нема јавно достапни податоци со колку пари располага. 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.