Министерството за внатрешни работи одлучи да склучи тригодишен договор со компанијата „Македонски телеком“ а.д. Скопје по распишаниот тендер за набавка на телекомуникациски услуги за потребите на МВР.

Според објавените податоци, вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 354.000.000 денари или околу 5,7 милиони евра.

Од МВР велат дека не се во можност да го објават договорот бидејќи содржи елементи кои се класифицирани со степен – „ИНТЕРНО“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.