Корона кризата удри врз трудоинтензивните гранки, особено врз текстилната и кожарската индустрија, покажа анализата „Влијанието на КОВИД-19 врз ниско платените и трудоинтензивни гранки“ што ја изготвија здружението „Гласен Текстилец“ и фондацијата Фридрих Еберт од Скопје.

Анализата направена во периодот 10 март – 10 јуни, денеска беше презентирана на 4. Текстилијада во Штип.

Според поранешниот министер за финансии и универзитетски професор, Никола Поповски. економските параметри покажуваат дека во првото тромесечје во овие две индустрии ударот не се почувствувал, зашто кризата почна во март, но во април, мај и јуни, ударот бил голем.

-Има големо намалување на бруто домашниот производ во текстилната и кожарската индустрија. Исто така има прилично големо намалување на физичкиот обем на индустриското производство, како резултат на тоа е намалена бројката на работници во овој сектор. Тоа се сериозни показатели за надолна линија, истакна Поповски.

Нивото на платите изминатите месеци не паднало, како што е случајот со БДП и физичкиот обем на индустриското производство.

-Платите не се намалија, анализата покажува не заради резултатите, тоа е невозможно, туку заради владините мерки кои беа насочени да ги зачуват, заштита вработените и со субвенции се задржа нивото на платите, за оние коишто остана на работа, рече Поповски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.