Информацијата дека TЕЦ Неготино на своите вработени им обезбедува бесплатен превоз за Парадата на гордоста во Скопје се невистинити, неточни информации и манипулации со јавноста, а известувањето кое е објавено е фалсификат, соопштува компанија по вчерашните објавени информации во повеќе медиуми.
Што се однесува на објавениот документ, т.е. наводното известување од страна на претседателот на Управниот одбор на АД ТЕЦ Неготино, дека е обезбеден бесплатен превоз за Парадата на гордоста во Скопје, истиот е фалсификуван и обработен со алатки за обработака на електонски фотографии.
Од нас не е побарана никаква информација, а за тоа ќе бидат поднесени соодветни претставки до релевантните медиумски регулаторни тела.
Бидејќи овие објави имаат намера да нанесат нарушување на угледот на АД ТЕЦ Неготино, информираме дека АД ТЕЦ Неготино уште во текот на денешниот ден ќе ги покрене сите потребни постапки пред надлежните институции во Република Македонија заради расчистување на случајот. Во тој контекст ќе бидат преземени потребните мерки кои стојат на располагање во правниот систем на нашата држава. Индициите кои веќе постојат, АД ТЕЦ Неготино им ги предочи и на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство, се вели во демантот на оваа компанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.