Околу 400 вработени на скопскиот аеродром ќе останат без работа, дознава „Алфа“, која објави дека деновиве се делат откази во ТАВ. Според изворите на телевизијата, отказите се процесуираат веднаш откако заврши рокот до кој не смееше да има отпуштања во фирмите кои зеле државна помош поради корона-кризата.
Од ТАВ за телевизијата демантираат дека се станува збор за 400 вработени, зошто, како што наведуваат, не би било возможно со толкаво намалување на бројот на вработени да функционираат аеродромските операции. Иако нема демант дека откази се делат, нема ни одговор за колку лица станува збор.
Како резултат на кризата од ковид-19, која сериозно ја погоди авијацијата во глобални рамки, по повторното отворање на аеродромите на нашите операции се намалени, следствено и нашите прходи исто така, додека трошоците останаа исти. Поради ова, работиме да го балансираме континуитетот на бизнисот и вработувањата, се вели во одговорот од ТАВ до телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.