Царинската управа врши засилени контроли на граничните премини согласно препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство за првенција од свинската чума.
Ова го соопшти директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на прес-конференција во Сојузот на стопански комори одговорајќи на новинарско прашање за забелешките од стопанствениците дека Царината треба да биде поагилна и построга особено на патниците од Бугарија.
Царината во однос на свинската чума има засилени контроли и тоа е согаласно одлуката на Владата. Сите институциите што учествуваат во граничните контроли добија насоки, каде најголемата одговорност ја има преземено Агенцијата за храна и ветеринарство. Ние ги спроведуваме сите насоки кои ги добиваме од Агенцијата, рече Танасоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.