Во екот на летото цените на хотелско-угостителските услуги во Охрид, на места се превисоки за и така плиткиот џеб на македонските граѓани. Охрид е туристичка стапица посебно за домашните гости кои доаѓаат на одмор во нашата туристичка мека, објави Алфа.

Но, не само домашните гости, туку и охриѓани, укажуваат дека месното население во сред лето плаќа превисоки цени.

Можам да речам дека од лани кога бев овде во Македонија, во Охрид е поскапо доста. Битола се разбира е поевтино.

 

Пред 2-3 дена бев во овие кафичите што се покрај плажата овде, влегове во еден кафич и зедов јас една вода обична од 330 мл, син ми еден коњак и другото пријателче уште еден коњак ги плативме 800 денари, значи 800 денари. Тоа е нешто да не може човек да помисли.Можеби за странците е ефтино ова, ама за нашите граѓани од Македонија е многу високо, многу многу и на пазарот високи се.

Сепак, на странците, кои на пример за топка сладолед издвојуваат од 100 до 120 денари, не им се топи паричникот оти им е полн со пари, а и животниот срандард им е висок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.