Светска банка објави нова серија белешки кои го разгледуваат влијанието од ковид-19 врз здравствените системи, сиромаштијата и добросостојбата на домаќинствата, образованието, социјалната заштита, пазарите на труд и управувањето со квалитетот на воздухот во земјите од Западен Балкан.
Белешките се дополнение на неодамна објавениот Редовен економски извештај за земјите од Западен Балкан и придружните белешки – објавени на 29-ти април – кои ги разгледуваат предвидувањата за макроекономските влијанија од ковид-19 и како тие ќе влијаат врз населението во регионот.
Редовниот економски извештај за земјите од Западен Балкан предвидува дека, во отсуство на одговор од владите, повеќе од 400.000 луѓе во регионот може да паднат во сиромаштија и средната класа значително ќе се намали. Многу од оние кои може да осиромашат, моментално не се приматели на социјална заштита, а неформалните работници без пристап до осигурување за невработени и останата заштита влегуваат во ризичните групи.
Споредено со просекот од ЕУ, недоволната и неефикасна потрошувачка по лице за здравство пред кризата, го прави регионот особено ранлив на оваа и на идни здравствени епидемии. Големата загаденост на воздухот во неколку главни градови што доведува до високи стапки на респираторни болести, ја влошуваат состојбата, особено ако епидемијата се повтори следната зима. Понатаму, неопходното затворање на училиштата со да се намали ширењето на вирусот ќе води до значајни загуби во учењето, за што ќе бидат потребни години за закрепнување: се проценува дека нивото на луѓе без основно познавање на читање-и-разбирање може да се искачи од моменталните 53 на 61 процент, ако училиштата останат затворени до крајот на јуни. Последиците во образованието несразмерно ќе ги погоди обесправените, со поголем процент на ученици кои ќе бидат функционално неписмени и со потенцијално целосно напуштање на образовниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.