Излезе новиот извештај на Светска банка „Global Economic Perspectives“ или Глобални економски перспективи во кој се анализира економската состојба на глобално ниво по региони. Имено, во овој извештај е и Република Македонија во кој растот за 2019 година е проектиран на 2,9 отсто, што според домашните експертите е низок и не е оној кој го ветуваше Владата од 3,2 проценти на почетокот на 2018 година. Понатаму, проекцијата на БДП на Република Македонија изнесува само 3,3 отсто до 2021 година и тоа во 2020 3,2 проценти, додека во 2021 година 3,3 отсто.
Заев и економистот тим на чело со вице премиерот Кочо Анѓушев ветуваа раст поголем од 5 проценти до крајот на нивниот мандат, но СБ ги поби нивните проекции.
Ова не е прв пат да светските институции и реномирани финансиски организации да ги намалуваат стапките на раст проектирани од Владата. Имено ММФ, Светска банка и Европската комисија на неколку наврати ја ревидираше стапката на економски раст од 3,2 на 2,8 за 2018 година . Последно Европската Комисија направи надолна корекција на растот на БДП од 3,2 на 2,2 проценти.
Голем дел од експертите и економистите коментираат дека Владата и економскиот тим комплетно потфрлија во делот на економијата и дека Македонија ги бележи најкатастрофалните резултати на овој план посебно ако се земе во предвид глобалната позитивна економска состојба која според многу познавачи Македонија не ја искористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.