Извештајот на Светска банка ни прогрозира дека нивото на сиромаштија ќе достигне 23% до крајот на 2020 година, што значи дека близу 450 илјади луѓе ќе бидат на работ на егзистенција во земјава. Прогнозите се дека земјава ќе достигне ниво на сиромаштија од 23% до крајот на 2020 година, што е 6% поголемо ниво од 2019 година.

Во публикацијата Светската банка анализира дека во 2019 година 17 % од македонските граѓани живееле во сиромаштија. Дополнително дека постои голем ризик останатиот дел од граѓаните да паднат во сиромаштија главно поради коронакризата. Слабото образование и ниската квалификувана работна сила и потценетиот човечки капитал кој со факторот на продуктивноста се на најниско ниво од цел Западен Балкан.

Светската банка анализира дека само 50 проценти на работоспособни македонци се вработени, како и тоа дека нискиот процент на новородени и иселувањето дополнително ја намалуваат работната сила. Тие го наведуваат и загадувањето на воздухот и животната средина кои се фактор за дополнително загрозување на животот на граѓаниве во земјава.

Економијата се соочува со рецесија од 4.1 % во 2020 година, најголема рецесија до сега по кризата во 2001 година, се вели во извештајот.

Во отсуство на одговор од страна на Владата, комбинираниот ефект од ниските плати и недостатокот од пари во економијата, ќе ја крене сиромаштијата во Македонија на отприлика 23 % во 2020 година каде најголемиот дел од луѓето кои се сиромашни немаат никаков бенефит од постојните социјални пакети и мерки.

На структурната страна извештајот вели дека слабата политика на создавање конкурентност, проблемите во провосудството, намалената продуктивност на економијата и зголемувањето на иселувањето се најкритични за земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.