Министерот за економија, Крешник Бектеши во Клик Плус на ТВ21, коментирајќи за олеснувањето на мерките против ковиди, синоќа посочи и кога се очекува отворање свадбени ресторани. Според него, ова ќе се случи на крајот на мај или почетокот на јуни.
Сигурно свадбените ресторани или ресторани кои организираат разни забави, некаде кон крајот на овој месец (мај) или почетокот на следниот месец (јуни) можат да започнат со работа. Секако, врз основа на протоколи што ќе бидат подготвени од експерти од оваа област, рече Бектеши.
Ова министерот уште еднаш го коментираше како дел од дебатата за најавените олабавувања на рестриктивните мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.