Рестораните за свадби најверојатно ќе почнат да работат кон крајот на мај доколку епидемиолошката слика тоа го дозволува, соопшти на денешната прес-конференција, министерот за економија, Крешник Бектеши.
Рестораните за свадби најверојатно ќе почнат да работат кон крајот на мај ако заедно со Комисијата за заразни болести утврдиме дека бројот на заразени се намалува. Како што гледате, веќе секоја недела носиме полабави мерки во однос на рестриктивните мерки предложени од Комисијата, вели Бектеши одговарајќи на новинарско прашање
Сепак, тој но не прецизираше на кој начин ќе работат ваквите ресторани и дали веќе има изготвено посебен протокол за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.