Зголемувањето на акцизата на горивата е антикризна мерка, а не мерка за да им се направи товар на граѓаните, рече на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Запрашан за став по најавите за протест од страна на транспортерите, Сугарески рече дека горивата се за 20 денари поевтини во споредба со последните месеци од минатата и почетокот на оваа година, додавајќи дека сите чинители во државата мора да покажат солидарност.
Нема никакво калкулантство, нема политиканство, внесувањето на акцизата е исклучително за помагање на граѓаните на нашата држава, рече Сугарески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.