Министерот за транспорт на „Телевизија 24“ Горан Сугарески дебатираше со Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ за автопатите во земјава и зошто се доцни со нивна изградба.
Затуроска го потсети министерот за ветувањата на СДСМ за 600 километри автопат. На тоа Сугарески одговори дека ветиле автопатишта и експресни патишта, но не и шестотии километри.Тој дури ја праша како да направат 600 километри автопатишта кога во зела земја нема толку патишта.
Дали има разлика помеѓу километри патишта изградени и километри патишта реконтруирани, го праша Затуроска министерот на што тој одговори потврдно.
На тоа тој одговори дека за десет години ветиле дека ќе изградат 600 километри автопати, но и експресни патишта.
Сепак, Сугароски излажа и кога призна дека СДСМ лажно ветувало во програмата. Во програмта на СДСМ стои онака како што прочита Затуроска, а не онака како што си мисли министерот на СДСМ Сугарески.
Испланиравме 3 милијарди евра за патната инфраструктура. За 10 години планираме нови 600 километри автопатишта, 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта, пишува на страницата 6 од програмата за Живот во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.