Членовите на Судскиот совет донеле одлука да си ги зголемат платите за 35 отсто. Како што ексклузивно дознава 1ТВ одлуката има ретроактивно дејство што значи дека ќе се бара исплата на надоместок на платата за околу 21.000 денари повеќе и за месеците септември и октомври 2018 година.
Претседателот на Судскиот совет и воедно претседател на Судскиот буџетски совет Жарко Караџоски во емисијата “Правда и неправда” на 1ТВ најавата за ваквата одлука ја правдаше со одредби од Законот за судски совет.
Како што дознава 1ТВ во секој момент треба да започне седницата на Синдикатот на управата, судските органи и здруженија на граѓани на која меѓу другото ќе се расправа и за последната одлука на Судскиот совет.
Според информции на телевизијата, не е исклучена можноста денеска да биде донесена одлука за стапување во штрајк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.