Суад Мисини на својот фејсбук профил го критикуваше проектот за поврат на 15% од ДДВ.

Немам поим од кога треба да стартува бесмислениот и популистички проект за поврат на 15% од ДДВ-то. Од кога се собираат сметки и кога се врши повратот. Но, еве едномесечна симулација, иако веќе порано во детали ја објаснував апсурдноста на проектот.

Значи, на претпоставен износ за пазарување од околу 12,000 денари, платен е ДДВ во износ од околу 1,312 денати, па така, повратот би бил околу 197 денари. Ако ги дуплираме износите, значи во месецот да направиме шопинг во износ од 24,000 денари, консеквентно повратот би бил околу 400 denari.
На годишно ниво (4,800 евра шопинг) повратот во последниов случај би бил 4,800 денари.

Се сеќавате на ланската анализа: потребен е годишен шопинг од 40,000 евра (или 3,333 евра месечно) за да на годишно ниво се вратат 30,000 денари или нешто под 500 евра, колку што изнесува законски пропишаниот лимит кој државата би ви го исплатила.
Се разбира, никој не прави годишно пазарување од 40,000 евра, па едноставно и тие 500 евра се чинат недостижни. Пореално е да претпоставиме дека 5,000 евра годишно пазарување е износ поблизок до реалноста и тоа би значело поврат на 5,000 денари, што не само што го урива концептот на владата, туку и создава огромен проблем: опортунитетниот трошок за реализација на овој проект далеку ќе ги надмине сите обиди за негово логично правдање.

Така, на крајот, бидејќи владата не се откажува од овој бесмислен и безидеен проект, ви остануваат две опции:
1. Да го игнорирате проектот;
2. Да учествувате во проектот и да ги донирате парите за сиромашните, бидејќи само така тие пари ќе имаат минимум смисол.

А трошоците за реализација на проектот?
Жив зијан… 🤣

P.S. пазарувањето опфаќа прехрана и бензин. Затоа најголемиот дел од ставките им соодветен % на ддв.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.