Државата воведува новини во субвенционирањето на странските инвеститори. Отсега па натаму странските компании што сакаат да вложуваат во зоните во Скопје, ќе добиваат помала државна помош од инвеститорите кои ќе вложуваат во другите градови од државата.
Kако што вели првиот човек на Дирекцијата за технолошко изндустриски развојни зони, Јован Деспотовски, причина за тоа е што компаниите кои инвестирале во Скопје добиле поголема вредност на земјиштето, за разлика од инвеститорите во другите градови, а притоа, за тоа ја плаќаат истата субвенционирана цена од државата од шест денари по метар квадратен. На тој начин „скопските инвеститори“ се перивилегирани во однос на оние во другите градови.
Дека инвеститорите добиваат поголема вредност на земјиштето покажале анализите што ги направила Дирекцијата за ТИРЗ, преку една сеопфатна Студија за ефектите на дел од мерките за поттикнување на странски инвестиции во земјава.
Целта беше преку бројка да воведеме еден паметен пристап, а не само поттикнување на странските инвеститори и нивниот влез во државата, туку и како да поттикнеме рамномерен регионален развој, односно сите наши сограѓани, а не само граѓаните од Скопје, да ги видат бенефитите од странските инвестиции – вели Деспотовски.
Тој нагласува дека отсега вече странските компании кои што ќе решат да инвестираат во зоните во главниот град ќе имаат една помала вредност од сите останати, односно нема да бидат веќе повластени како досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.