Се затвора фабриката „Гришко Македонија“, која беше отворена во 2012 година во селото Слечпе, Демир Хисар и која се занимава со производство на балетска опрема, пишува „Вечер“.
Погонот беше инвеистиција на познатата руска компанија „Гришко“ која произведува папучи, чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности.
Сопственикот се решил да го затвори погонот во нашата земја и пред фабриката веќе може да се забележат камиони кои ги изнесуваат работите.
Директорот на „Гришко“, Николај Гришко, во октомври 2012 година беше во Македонија и имаше средби со тогашни владини функционери, по што се реши да инвестира во земјава со погон за производство, главно, на балетски чевли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.