Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) денеска е домаќин на компании членки на Стопанската и Индустриската комора на Едрене, Република Турција.
Во рамки на посетата се предвидени билатерални средби со бизнис заедницата од Едрене, а целта на посетата е запознавање со деловната и инвестициската клима во Република Македонија, како и можност за соработка во повеќе сектори.
Меѓу компаниите ќе доминираат оние од земјоделско-прехранбениот сектор.
Турција е седми трговски партнер на земјава по Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина и Бугарија.
Според Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември земјава остварила вкупна трговска размена со Турција во вредност од 543.497.000 долари што е за 47,4 отсто повеќе споредено со истиот период лани. Извозот во Турција бил 105.594.000 долари што претставува раст за 58,3 отсто, додека увозот е зголемен за 45 проценти и изнесувал 437.903.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.