Идната година ќе биде година на економско заздравување и почеток на фискална консолидација, истакнаа на прес конференција премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими презентирајќи го Предлог- Буџетот за 2021 година. 

Вкупните приходи на Буџетот за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари (3,4 милијарди евра), или за 8,3 отсто повисоки во однос на вториот Ребаланс за 2020 година, изјави премиерот Заев.

Тој додаде дека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари (4,024 милијарди евра) или за 2,1 отсто пониско во однос на вториот Ребаланс за 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.