Пратеникот во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски денска на надзорната расправа за пропаѓањето на Еуростандард банка во Комисијата за финансирање и биџет упати остри критики до стечајниот управник кој не беше присутен на седницата.
Тој упати неколку прашања до стечајниот управниk и при тоа упати и апел и молба, да работи согласно Закон, со цел на Македонија да не и се случи уште еден ТАТ, каде што илјадници македонски семејства остаа без нивната животна заштеда.

Стојановски исто така го запраша стечајниот управник, како е изработена шемата за обесштетување на доверителите, и по кој редослед затоа што банката има помал имот отколку што доверителите имаат побарувања.

Првото прашање до стечајниот управник е, како е изработена шемата за обештетување на доверителите, по кој редослед. И тука упатувам апел до него, стриктно да се води по законските норми. Понатаму, второто прашање, на неприсутниот стечаен управник е, дали се имаат договорено со правните и физичките лица кои имаат земено кредити, за начинот на враќање на истите. Бидејќи овие кредити кои што ќе се вратат ќе влезат во стечајната маса, а потоа треба да им биде пренесена на оние кои што имаат одредени обврски од банката. Тоест, банката има имот и опрема вредни 14 милиони евра, има 780 депоненти со депозит над 30 илјади евра, или средства од 25 милиони евра на овие луѓе кои што имаат депозит над 30 илјади евра, 2087 фирми со сметки во таа банка и тие треба да се наплатат од стечајната маса. А, предност за наплата од стечајната маса има фондот за обезбедување на депозитите – рече Стојановски.

Конкретното прашање ми беше, рече Стојановски, каде и како овие луѓе ќе си ги наплатат средствата од банката, кога можеме да видиме дека нивните побарувања се далеку над вредноста на имотот што ја има?

И сакам тука да му упатам еден совет на стечајниот управик, во неговите раце е судбината на овие луѓе и само тој може да спречи нов македонски ТАТ. Заради тоа што со оваа банка се опфатени 2700 семејства, околу 2087 фирми и над 12 илјади луѓе кои што се вработени во фирмите кои што имаат обврски од Еуростандард банка. Уште еднаш упатувам и замолувам, комисијата да си постапи по закон, со тоа што е обврзана да се спречат вакви појави во иднина, односно луѓето кои што се клучни за нашите прашања треба да бидат тука донесени и да одговараат, а ако не се тука присутни по нивна вина, треба да сносат одговорност по законот – истакна пратеникот Стојановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.