Во сегашните ставки на Буџетот како што беше доставен во Собранието и усвоен од Владата нема ниту едно евро кое што е предвидено за справување со енергетската криза која што можеме да видиме од претходните најави на медиумите изминативе денови од најзначителните енергетски институции ќе порасне вртоглаво и тоа ќе биде сериозен ценовен шок и за граѓаните“,истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.
Стојаноски додаде дека ЕК укажа дека е загрижена за растот на јавниот долг и тоа како Владата го менаџира.
Од аспект на инструментите да ние сме тука ќе ги следиме будно и нема да дозволуваме повторно да се креираат вакви гломазни буџети, а да нема одговор за најсериозните прашања на целото граѓанство и стопанство, како ценовниот шок, поскапувањето на струјата, секојдневното поскапување и покачување на потршувачката кошничка ради тоа што сметаме дека 4,4 милијарди евра се сосема доволна и голема сума за да може да им се помогне на граѓаните на така кревкото стопанство кое што го имаме во државата“, нагласи Стојаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.