Самата сума која треба да им помогне на граѓаните е понижувачка, затоа ние сметаме дека со домаќински добро искреирани мерки оваа сума треба да биде многу поголема заради тоа што е несериозно да му кажете некому дека ќе му дадете 3,000 денари или 750 денари во услови кога има 19% инфлација и кога цените безмалку на храна и потрошувачката кошничка е 50,000 илјади денари, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во дебатната емисија „Објектив“ на Македонската телевизија.

Затоа ние сметаме дека мерки треба да има, кон граѓаните, ранливите групи и кон стопанството, но треба да бидат повеќе и малку пошироко поставени. Конкретно не знам од каде е логиката само до 14,000 денари пензионери кои земаат пензија кога во државата има пензионери кои имаат малку поголеми примања кои исто така се на работ на егзистенција, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека овие мерки за помош на граѓаните ќе се поддржат, но ќе има сериозни амандмани на собраниските комисии заради тоа што сметаме дека пари има и дека мерките треба поинаку да бидат дизајнирани за да достигнат до што поголема група на луѓе и граѓани.

Се она што е во интерес на граѓаните ќе го поддржиме затоа што сметаме дека секој еден денар наместо во централниот буџет да биде искористен за тендер или јавни набавки тој треба да заврши кај граѓаните и ќе го поддржиме тоа. Но од друга страна е многу понижувачки на некому да му речете ќе му дадете 3,000 денари или 750 денари месечно а при тоа имате буџет од 4,4 милијарди евра, тоа не е во ред“, потенцираше Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.