Циглана важи за бастионот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Бастион затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема изгубено во Циглана. Така ќе биде и овој пат на 15 јули, порача носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6 Дафина Стојаноска денеска во гостиварската населба Циглана каде се обрати на граѓаните на Гостивар.

Жителите на Циглана велат не само што се патриоти туку затоа што овој пат се локал патриоти и ќе го заокружат бројот 14 не само заради носителот на листат кој што е од Гостивар туку затоа што на нашата листа на првите добитни места се наоѓаат токму гостиварчани и сите заедно се обврзуваме дека ќе ја вратиме вербата во честа и достоинството и ќе ја обновиме Македонија, рече Стојаноска.

Таа нагласи дека на изборите ќе се избира меѓу проф. д-р Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Во нашата програма со 1.000 проекти ви ветуваме и стоиме на зборот дека ќе ги зголемиме платите за 20 проценти. Пензиите ќе ги зголемиме за 25 проценти. Ветуваме силна економија, изградба на модерна инфраструктура. Таа е потребна за обнова и на економијата и стопанството и индустријата. Ветуваме целосна гасификација како на Гостивар така и на цела Македонија. Така ќе инвестираме во екологијата и во иднината со тоа што ќе ги заштитиме шумите на Шар Планина од дивите сечачи, истакна Дафина Стојаноска и ги повика гостиварчани на изборите на 15 јули да излезат во голем број, со лична заштита и да го заокружат број 14 за обнова на Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.