Носителот на листата во изборната единица 6 Дафина Стојаноска денеска даде изјава пред фабриката “Леар” во Тетово, која е резултат на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот мандат.
Наместо странски инвестиции, СДСМ ја донесе Република Македонија на последното место по растот на БДП во Европа.
СДСМ единствена гранка на која посвети внимание е рекетот кој владее, со што придонесе за скептицизам кај странските инвеститори да вложуваат во нашата држава.
Стојаноска порача дека ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма нуди проект за рамен данок од 8% и 0% оданочување на реинвестираната добивка, намалување на основицата за пресметка и уплата на придонеси за задолжително социјално осигурување, 0% оданочување за младите вработени до 29 години, капитални инвестиции до 4% од БДП и намалување на невработеноста во државата под 10%.
Со овие мерки и проекти од ВМРО-ДПМНЕ државата ќе се врати на патеката на успешните бизнис земји во светот.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на реализација на овие проекти, се со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и стабилизирање на македонската економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.