Mинистерството за финансии не е приватна фирма на министерката за финансии – Нина Ангеловска и апсолутно вакви дописи со кој што на вработените им забранува комуникација со заменичката министерка од ВМРО-ДПМНЕ со која што имаат врзан потпис, да комуницираат со неа без одобрение од самата министерка е кршење на закон и самото тоа ги тера вработените на кривично дело, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Сторилковски одговарајќи на новинарско прашање за дописот со кој Ангеловска им забрани на вработените било каква комуникација со дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриеска-Кочоска.
Од друга страна апсолутно вакви дописи на министерката Нина Ангеловска само ги подгреваат сомнежите дека во Министерството за финансии постои можност за сомнителни активности во насока на предизборни поткупи и делувања со државната каса. Со ваков допис од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска се тераат вработените на кривично дело со кршење на законот и апсолутно не знам од каде ѝ е тој порив, освен ако не е во насока на можност за скривање на некакви делувања во Министерството за финансии во насока на изборен поткуп, посочи Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.