Мерачот на долгот работи? Се расипа или го снема како оној на некогашното МАНУ? Овие прашања денеска ги постави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, реагирајќи на веста дека јавниот долг на Македонија е 326.337.608.392 денари.

Заклучно со 30.06.2019 јавниот долг на Македонија е 326.337.608.392 денари, или околу 5,3 милијарди евра. Вчера, на 17.09.2019 Владата се задолжи за нови 3,8 милијарди денари или 61,7 милиони евра.

Владата предводена од СДСМ не прекинува со непродуктивното задолжување. Долгот се зголемува, граѓаните ќе треба да отплаќаат поголеми долгови во иднина, а во исто време парите за капитални проекти не се инвестираат, туку се префрлуваат за други непродуктивни и популистички проекти.

 

Состојбата во која Македонија и граѓаните се наоѓаат е крајно недомаќинска. Во моментов Владата ги зголемува долговите, а притоа не создава одржливи и продуктивни проекти кои ќе донесат бенефит за сите граѓани и целокупниот приватен сектор, реагираше денеска Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.