За 100 од оваа старо-нова Влада македонските граѓани добија само загуби. Нема инвестиции, нема нови автопати, нема патишта, нема железници, пруги, нема мостови, нема инфраструктурни инвестиции. Спектакуларните ветувањата на Владата предводена од СДСМ во изминативе два изборни циклуси за развојни проекти во инфраструктурата не се остварија.

Нема инвестиции во железниците. Владата предводена од СДСМ ветуваше изградба на пруга кон Бугарија но напротив, изградбата на пругата се стопира. Владата предводена од СДСМ ветуваше и изградба на пруга кон Албанија но сепак пругата не се ни започна.

Нема инвестиции, проекти и вложувања во изградба на нови мостови и автопати.

Нема ништо од ветениот автопат од пред четири години Прилеп- Битола, нема ниту проектирање. Предизборното ветување на СДСМ за изградба на автопат Градско-Прилеп нема никакви градежни активнсти. Автопат Кичево-Охрид исто така нема никакви градежни активности, единствено активност таму се потпишувањата анакси и нови задолжувања.

Нема ништо ниту од ветуваните проекти и изградба на мостови.

Во 2020 година започнуваме и со изградба на нови мостови кои ќе претставуваат олеснето и брзо поврзување на граѓаните. Наскоро започнуваме со санација на повеќе мостови, беа дел од ветувањата на СДСМ.

Но речиси пред крајот на 2020 година нема ништо од ветувањата на Владата предводена од СДСМ.

Нема изградба на мост на река Пчиња кај село Средно Коњаре, нема нов мост на река Пчиња кај село Драгоманце, нема санациски работи на челичен мост на Р1204 делница Куманово – Свети Николе, нема нов мост на Р1103 делница Лакавица – Неготино, нема нов мост на река Треска на влез во Македонски Брод, нема изградба на нов мост на делница Лакавица – Неготино.

Ова се дел од ветените мостови кои требаше а не се изградени од Владата на Премиерот Зоран Заев.

Наспроти ваквата фактичка состојба на почетоткот на својот мандат премиерот Зоран Заев ветуваше инвестиции од речиси 1 милијарда евра во патната инфаструктура и дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.

Досега инвестирани се речиси 1 милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години. Рехабилитирани се повеќе од 750 километри патишта, се работи на 1.500 километри патна инфраструктура, завршена е 80% од магистралната гасификација, се градат 500 километри водовод и канализации, напиша премиерот Заев на својот профил на социјалните мрежи.

За ваквите тврдења за инвестиции во инфраструктурата, за нови автопати и патишта во вредност од 1 милјарда евра кои никој не ги видел во дебатната емисија на „Телевизија 24” во јуни месец 2020 година, каде гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски директно ги праша Лукаревска и Адеми кои немаа одговор каде се изградени тие патишта.
Мисајловски ги праша Лукаревска и Адеми каде се 230 километри изградени автопатишта. Но, и Лукаревска и Адеми го избегнаа тоа прашање.

Ве молам наведете ми каде се изградени тие 230 километри автопат? Одговорете ми обајцата, бидејќи и едниот и другиот сте во владата. Нема такво нешто, затоа молчите. Такво нешто не постои и затоа не го залажувајте народот. Ништо од тоа не е ниту започнато, ниту изградено, кажа Мисајловски.

И покрај тоа што од старо новата Влада предводена од СДСМ поминаа 100 дена ниту претходно ниту сега има проекти и инвестиции во инфраструктурата. А инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој граѓанин. Ова е една од директните причини за падот на економијата и фактот што од пред некој ден македонската економија влезе и официјално во рецесија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.