Поранешни вработени во АД ОХИС, кој е во стечај, денеска пред Владата повторно протестираа и ги бараа неисплатените плати и придонеси за кои чесно работеле.

Како што најавија, тие по најмалку два дена во неделата, вторник и петок, пред македонската влада од надлежните ќе бараат решение кое веќе неколку пати им било ветено. Како што истакнаа дел од нив за „Република“ во петокот, како чесни работници го бараат само она што е нивно и заработено, а меѓу нив има луѓе кои се со неиплатени 24 плати и придонеси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.