Сакам да помогнам со своето знаење, експертиза во финансиската сфера и искуство, вели за „Фокус“ поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, кој вчера стана член на работно тело во рамки на ВМРО-ДПМНЕ кое треба да ја мониторира работата на градоначалниците.

Се работи за стручно тело кое треба да координира и да им помага на градоначалниците во реализацијата на капиталните проекти преку совети, размена на искуства и знаење. Ефектот треба да биде поефикасна реализација на ветените проекти за подобрување на животот на граѓаните. Не планирам враќање во високата политика, се враќам во струката и сакам да помогнам со своето знаење, експертиза во финансиската сфера и искуство, вели Ставрески за „Фокус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.