Во јуни лани стапи во сила одредбата на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Со него прагот за дозволеното плаќање во готовина од 15 илјади евра се симна на две илјади. Потоа, од почетокот на годинава сумата се намали на 1.000 евра. Законот предвидува од јуни летово контролата дополнително да се засили, со што за купување на стоки и услуги граѓаните и фирмите во кеш ќе можат да плаќаат само во износ од 500 евра или 30.000 денари. Целта на ваквото ограничување е да се намали сивата економија и во крајна цел да се зголеми електронското плаќање.

Со европската директива која е внесена во нашиот закон, прагот е поставен на 10.000 евра, но нашата Влада одлучи многу повеќе да го намали овој праг поради поголема контрола на плаќањата.

Промените во Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам веќе шест месеци се во сила, па денеска без картичка да не може да се купи на пример поскап телевизор, а од средината на годината ниту некој поевтин продукт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.