Долгот на државата е брзорастечки. Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ во својот извештај наведува дека државниот долг ќе продолжи да расте и во 2024 година и ќе достигне 58%, наспроти проекциите на Министерството за финансии кое вели дека долгот ќе се намалува.
Ова значи дека јавниот долг на Република Македонија во следните три години ќе удри нов плафон од 70%. Кредитната агенција посочува и дека стапките на економски раст на среден рок ќе бидат многу пониски од стапките од 5% и повеќе, кои ги промовира Владата. Наспроти тоа, кредитната агенција следните 4 години очекува скромен раст од околу 3%, што би значело дека повторно ќе бидеме меѓу земјиоте со најлош економски резултат во регионот.
Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ во саботата ја оцени земјава со ББ- кредитен рејтинг, или таканаречен „ѓубре“ кредитен рејтинг или „високоризична инвестиција“. Тоа значи дека според економските перформаси како економскиот раст и долгот и политилчките состојби во земјава, хартиите на вредност кои ги издава земјава и кредитите кои ги зема се оценуваат како високо шпекулативни за инвеститорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.