Кирил Колемишевски е назначен за нов заменик-министер за економија. Во неговата биографија, која ја објави еМагазин, пишува дека тој е дипломиран правник со положен правосуден испит.
Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Средно училиште завршил во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.
Тој е исто така и лиценциран инвестициски советник.
Работел во КБ Прво пензиско друштво и Комерцијална банка, а во 2008 година е еден од основачите на „Мој фонд“, друштво за управување со фондови, каде е извршен директор.
По затворањето на „Мој фонд“ работи како адвокат, а од 2011 година до денес е адвокат-партнер во адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“.
Роден е во 1977 година.
Според анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција кога станал член на Надзорниот одбор на Македонската банка за подршка на развојот на свое име пријавил земјиште во Ресен и стан во Скопје од 87 метри квадратни, кој е подарок.
Во анкетниот лист стои дека има три заеми и еден кредит.
Има заем од 18 милиони денари, кој треба да го врати до 2024 година, заем од 4,3 милиони денари, кој треба да го врати до 2023 година и заем од 755 илјади денари, кој треба да го врати до 2026 година.
Кредитот е на сума од 162 илјади денари и истиот треба да го врати годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.