„Жално е министерот на Зоран Заев, Дамјан Манчевски, после скоро три години министерување за прв пат да слушне дека постои закон кој јасно ги опишува кои се надлежностите на министерството. Затворени во кабинети кои претежно ви служат за приватни седенки, направивте дисторзија на целиот систем, ги дерогиравте сите закони кои ви беа пречка во остварување на партиските и приватните интереси и цели, се исплашивте од моите изречени зборови ДОСЛЕДНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНИТЕ и од ПОСЕТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ, вака реагираше министерката Невенка Стаменковска-Стојковски на обвинувањата на Манчевски дека таа покажува елементарно непознавање на нејзините надлежност.

Без разлика што согласно закон, дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа, секој граѓанин 3 години ве повикува да ги почитувате законите, но вие сте над законот и сега се плашите, институциите треба да се отворени за сите граѓани и се разбира за мене. Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите и да го спречам лудилото со злоупотреби од страна на вашите функционери, стои во текстит на Стаменковска-Стојковски.

Таа го советува Манчевски за познавањето на законите и нивното почитување добро да се подготви, бидејки и во иднина ќе има панични преписки.

За познавање на законите и колку истите се почитуваат, ве советувам добро да се подготвите, ќе имате многу вакви панични преписки а јас ќе продолжам да инсистирам на ДОСЛЕДНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНИТЕ и непосредно ќе ги следам вашите реформи и секако ќе одам во ПОСЕТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ!

Член 26-а од ЗАКОН ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА

Министерството за информатичко општество и администрација ги врши работите што се однесуваат на:
– развојот и промоцијата на информатичкото општество,
– креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа,
– интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информации, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања,
– следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди,
– телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура,
– радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура,
– законското уредување на прашањата во врска со администрацијата,
– надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници,
– развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници,
– класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници, – водењето Регистар за државните и јавните службеници,
– подготвувањето стратешки документи за ефикасното и ефективното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката, – развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси,
– реформата во јавната администрација,
– остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност,
– државната управа,
– управната постапка,
– управниот надзор и
– врши и други работи утврдени со закон“, напиша таа.

Претходно Манчевски кажа дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности.

Стаменковска-Стојковски продолжува да покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности. Денеска, најави дека ќе „упати задолжение со молба до раководителите на институции“ и дека ќе ги посетува институциите?! Се прашувам какво е тоа „задолжение со молба“?! и во кои закони е предвидено дека има право да испраќа задолженија или молби и да врши контрола во институциите. И уште еднаш, сакам да ја потсетам дека Анкетните листови на кои се повикува, не се замена за Функционална анализа. Предуслов за пополнување на Анкетните листови, е институциите да имаат изготвено Функционална анализа, согласно Методологијата што ја подготвивме со поддршка на Британската влада, вели Манчевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.